Back to top

За нас


Друштвото за производство трговија и услуги МОДЕРН МЕТАЛ ДООЕЛ Неготино, е основано на 12.01.2018 година како микро претпријатие , од областа на производство на метални конструкции и делови на конструкции. Активности со кои се занимава МОДЕРН МЕТАЛ ДООЕЛ се производство на метални конструкции, делови за мебел изработени од метал, метални огради изработени на CNC. Исто така како дејност која ја извршува претпријатието е вршење услуги на CNC плазма и виткање на метал со апкант преса, заварување и слично. Главни производи и услуги на претпријатието се производство на CNC огради и метални делови за мебел со комбинација на дрво.

Идејата за ФОРМ се роди од нашата страст за реставрација на стар мебел и подарување на нов живот и душа на нешто што е одамна напуштено. Ние веруваме дека иднината на луксузниот мебел не е масовно произвотство на добра, тука таа лежи во рачна изработка на делови уметност која може да биде пренесена во модерниот начин на живот. Еден од најзанемарените форми на уметност која се користи во секојдневниот живот е токму мебелот. Ние веруваме дека мебелот треба да претставува повеќе од една обична алатка и може да биде извајан во уникатно уметничко дело.